Летен камп

АКАДЕМИЈА И СТУДИО

Летна теренска школа

Летната школа е наменета за лица од 8 до 15-годишна возраст. Ќе можат да ja посетуваат ученици кои имаат афинитети во областа на личните услуги: фризер, козметичар и шминкер, но не како животна професија, туку да се здобијат со основни информации, вештини и техники на работа, а потоа да можат да ги применат пред сѐ на себе или,  дел од нив, и на други.
Учениците кои имаат голема желба да се запишат во ПРИВАТНОТО СРЕДНО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“ и да ги изучуваат овие дејности, летната школа е можност да се запознаат подетално со она што би сакале да го учат и да го изберат на која насока ќе се запишат.
Секоја година летната школа е со различна програма, поради природата на нашето училиште, затоа што модните трендови во техниките на работа  се менуваат, а се менува и самата употреба на козметичките препрати и алат за работа. Токму затоа пријавените кандидати перманетно можат неколку години по ред да се пријавуваат и да ги изучуваат техниките на работа, а со тоа добиваат можност да стекнат вештини за техники на работа и новини што ќе ги употребуваат лично на себе; добиваат можност да изберат во која програма би сакале да се вклучат и да се запишат и како во иднина да ја градат својата кариера и да  го развиваат сопствениот бизнис и работа.
  • Цената на летниот камп е 6.500,00 денари;
  • Пријавувањето за летниот камп започнува на  1 март и трае до 15 мај секоја
учебна година;
  • Летниот камп започнува од 15 јуни (секоја календарска година од понеделник);
  • Летниот камп трае до 15 јули (секоја календарска година до понеделник);
  • По завршувањето на обуката, секој кандидат добива пофалница за учество;
  • Секој учесник на летниот камп добива привелегирана картичка за попусти до 50% за услугите во АКАДЕМИЈА И СТУДИО ЛЕОНТИЌ.
 
Услови за упис
Договорите ги потпишуваат родителите на учениците, кои се запознаваат со целата програма.
Учениците следат теоретска и практична настава и добиваат програма за секојдневните активности во центарот за обука, во салонот за убавина, а дел од активностите се реализираат на терен.
Теренската работа подразбира посети на парфимерии, телевизии, театри, музеии, галерии и сл., на врвни модни креатори и стилисти.
Практичната настава ја изучуваат на модели – доброволно пријавени, или работат меѓусебно.