Денес

Васка Леонтиќ

Васка Леонтиќ ДЕНЕС

По 8-годишно работно искуство кај мајстор Анче Пановска и 24 години работно искуство стекнато преку развој на сопствена кариера, Васка Леонтиќ сѐ уште со истата посветеност и љубов активно работи во областа лични услуги. Доследно ги следи сите нови и модерни текови во козметичката индустрија, не се откажа од следењето новитети и едукации во областа на техниките на потстрижување, секогаш ги применуваа најсовремените алати за работа во  фризерството, козметиката, масерството и во шминкерската дејност. Нејзина најголема доблест е тоa што таа несебично го споделува своето знаење со своите клиенти советувајќи ги што е најдобро за нив, а се докажа себеси и во улогата на вистински едукатор што ги пренесува сите тајни на својот занает на своите ученици: техниките на работа, процесот на развојниот пат кон постигнување успех и прераснување во бренд.
Согледувајќи ја потребата за пообразован кадар во областа лични услуги, Васка Леонтиќ го направи следниот чекор во нејзиниот развоен пат и отвори средно стручно училиште. Изминатите  9 години таа учеше како се раководи и како се менаџира средно стручно образование,навлезе во тајните на образовниот систем со една единствена цел: приватното средното училиште „Академија Леонтиќ“ да прерасне во традиција. Секако, тука мора да се забележи и помошта што ја добива од сите јавни институции: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Националната агенција за образовни европски програми и мобилност. Во нејзината менаџерска работа на средното стручно образование значајно место заземаат многуте европски проекти во коишто таа активно работи и сѐ уште учи како да пронајде партнер и како да ја промовира својата татковина и училиштето преку реализација на тие проекти. Со нејзината посветена работа и несебично залагање, на своите ученици им го покажува патот кон успехот, активно вклучувајќи ги во сите активности за да се здобијат со неопходните вештини и навики и да се запознаат со работата во многу европски фирми и институции, каде што имаат можност да се запознаат со поинакви стандарди на работа. Сето тоа им овозможува на учениците да се развиваат многу побрзо и да имаат првична слика на она што се случува во светот. Исто така, добиваат и можност да бидат вклучени и активни во институции,фирми и училишта надвор од нашата држава, а тоа на многумина им е животен сон, така што преку овие проекти учениците го остваруват сонот за кој сметале дека е нерелаен.
Васка Леонтиќ не подзапира ниту во сопственото едуцирање: благодарение на Националната агенција за европски образовни прогрaми и мобилност, преку европските проекти учи како да ги воведе најновите стандарди на работа и начин како да ги совладаат тие техники кандидатите и учениците, ги совладува техниките кои не се применуваат и се на изумирање како дејност, таа настојува да ги  оживее изумрените занаети за да воведе потоа центри за обука токму за тие дејности. Таа смета дека, доколку тоа не се направи сега, подоцна ќе нема од кого да ги изучиме тие занаети, зашто во светот значително се намали бројот на МАЈСТОРИ-ПРЕДАВАЧИ кои ги владеат овие техники.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ заврши специјализација во Лондон по проектот под назив Програма за зачувување на традиционалните фризерски занаети, во училиштето„UK WIG SCHOOL“ за да ги совлада техниките за изработка на перики мануелно: класификација на коса од природно влакно, поделба на влакното според квалитетот, како се врши откуп на коса, изработка според потребите на клиентите  и сѐ за природното влакно.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше координатор на проектот во Љубљана на тема:  Нови фризерски и козметички стандарди во Европа.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше на подготвителна посета во Литванија – Вилниус за подготовка на нов проект на тема ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ВО ПРИДРУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ И НИВНИОТ РАЗВОЈ  И НАЧИН НА ПРИМЕНА. 
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше на подготвителна посета во Португалија за подготовка на нов проект на тема Understanding Operational Protocols and European Standards in SPA Hotels and Training Centers
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше член во советодавниот одбор на проектот  за практиканство и вработување на лица со попреченост, проект финансиран од УСАИД, а спроведуван од „Моја кариера“ од Скопје.
Во учебната 2012/2013 година, Васка Леонтиќ започна со реализација на проектот од јавен интерес – бесплатно школување на деца без родители и на деца со посебни потреби, со одобрение од Министерството за труд и социјална политика, кој за многумина претставуваше амбициозен и храбар потег. Учениците од наведената категорија не само што ќе имаат можност непосредно да учат од најдобрите туку по завршувањето на образованието ќе бидат и вработени.
Проектот не би можел да се реализира без помошта на професорите-волонтери. Водени од својата желба да помогнат, тие непосредно придонесуваат за заокружување на воспитно-образовниот процес. Со нив учениците имаат можност да се реализираат себеси според своите можности и потреби.
Васка Леонтиќ вели: „Досега ништо не ме исполнило толку како љубовта на овие девет дечиња, кои умеат да го почитуваат сево ова што го правиме заедно со нив, умеат да слушаат и да да бидат другари. Овој проект е врв во мојата кариера, а со задоволство го најавувам и следниот проект за децата со лесни пречки во развојот и отворањето центар за обука за нив.
Во 2014година Васка Леонтиќ приготви програма како да се биде домаќин во Маќедонија и организира мобилност и обука за наставен кадар и студенти од членки на ЕУ. преку прогарамата ЕРАЗМУС+ во Приватниот Обучен Центар и во Приватното средно училиште ,,Академија Леонтиќ“ во Скопје.Активностите започнаа со промоција на самата програма низ контакт семинарите во странство и лобирање кај партнерите со кои соработуваше Васка Леонтиќ и беше учесник, носител и координатор на истите мобилности и проекти.
Во период 2014-2015 Васка Леонтиќ е координатор на проектот за мобилност на 10 ученика и едно придружно лице,преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Вилниус-Литванија.
Тема на проектот,ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ТРЕНИНГ ЦЕНТРИ И СТРУЧНИ ЛИЦА.
Во период од 2015 – Од 5-7.11.2015 Васка Леонтиќ ја преставува програмата за развој на партнерства преку секторските програми К1и К2 на контакт семинар во Неапал,Италија преку програмата за доживотно учење ЕРАСМУС+ на тема European Shared Strategies for Reducing the Occurrence of NEETS.
Во 2015 година Васка Леонтиќ е домаќин и координатор на мобилност преку програмата на ЕРАЗМУС+ во Македонија,Скопје и предавач преку првата мобилност и размена на наставен кадар и студенти од ВИЛНИУС,Литванија преку школото,“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 23.03-28.03.2015година беа на подготвителна посета во Скопје,Маќедонија не посетија двајца наставници од Вилниус,Литванија Rita Damkauskiene и Danguole Gudiene.Нивната посета беше со цел да ја проучат нашата програма за стручна обука.
Во период од 04.05.-23.05.2015година, на мобилност беа пет ученици од Вилниус,Литванија и еден наставник како придружно лице,координатор и предавач на оваа мобилност е Васка Леонтиќ.
Целта на оваа посета е изучување нови стандарди, протоколи на работа во разни институции како на национално ниво така и во приватните сектори на пазарот на трудот,организацијта на приватните стручните училишта, новите техники на работа и начините за нивна примена, а таа е очигледна и од самиот назив на проектот Меѓународен тренинг Загриженоста интеграција успех во пазарот на трудот ” International Training Concerns Integration Success into Labour Market .
Во 2016 година, како дел од секторската програма ЕРАЗМУС + и проектите К1, нашето училиште беше повторно домаќин и ги пречекаа нашите партнери од Латвија- Рига и од Литванија-Вилниус,координатор и предавач на овие мобилности е Васка Леонтиќ.
Училиштето од Рига, RIGA STYLE AND FASHION VOCATIONAL SCHOOL учествуваа со два проекти едниот за мобилност на четри ученички во период од 03-04-23.04.2016 и еден наставник како придружно лице во време на траење од 03.04-09.04.2016годин.
Во период од 02.05.-09.05.2016 година. беа на мобилност двајца наставници од Рига,Латвија од стручната област за фризер и шминкер.
Во период од 10.04-16.04.2016 учесник на проект беше еден наставен кадар од ВИЛНИУС,Литванија преку школото,“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 10.04.-30.04.2016година беа на мобилност осум ученици од Вилниус кои ќе престојуваат во Скопје преку училиштето“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 2016-Од 19-27.11.2016 година Васка Леонтиќ Координатор на проектот и учесник како наставен кадар за мобилност на двајца наставника преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Витербо,Италија На тема INTERNATIONAL INTEGRATION TRANING- SUCCESS ON THE LABOUR MARKET ACCORDING THE EUROPEAN STANDARDS FOR HAIRDRESSERS,MAKEUP SPECIALISTS AND COSMETICIANS
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари
Во 2017-ПЕРИОД Од 12.01.-27.01.2017 Година
Васка Леонтиќ, координатор на проектот и учесник како придружно лице за мобилност на 10 кандидати преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Рига,Латвија На тема
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари.
Во 2017,период од 03.03.- 17.03.2017 година
Васка Леонтиќ,координатор на проектот и учесник како придружно лице за мобилност на 8 кандидати преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Малмо,Шведска На тема
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари
Во 2017,Васка Леонтиќ беше координатор и предавач преку програмата на ЕРАЗМУС + и проектите К1, нашето училиште беше домаќин и ги пречекаа нашите партнери од Латвија- Рига.
Нивната посета беше со цел да ја проучат нашата програма за стручна обука од програмата на лични услуги и кои машини,апарати и техники се применуваат за време на обуките за возрасни и како се организира практичната работа.
Училиштето од Рига, Profesionālās izglītības kompetences centrs “Rīgas Stila un modes tehnikums”
(Competence Centre of Vocational Education “Riga Style and fashion technical school”)
Учествуваа со два проекти едниот за мобилност на пет ученички во период од 02-04 до .22.04.2017 и еден наставник како придружно лице во време на траење од 02-04.2017 до .08.04.2017

Секој клиент да биде услужен со страст, посветеност и уметност!