За нас

Академија и студио

Студиото „Леонтиќ“ веќе 25 години претставува водечки бренд во фризерската, козметичката, масерската и шминкерската дејност, и со тоа успеа да воспостави стандарди за стил, креативност и модни трендови.

Лидерот на оваа компанија Васка Леонтиќ активно работи и го креира стилот на повеќето еминенти клиенти и вип-личности во Македонија и надвор од државата и е лидер на сите иновации, го диктира имиџот и трендот во фризерството и шминката.
Сопственото искуство и познавањето на светските норми за квалитет и професионалност, како и следењето на потребите на корисниците на услугите од Македонија и од странство придонесоа за константно проширување на видовите услуги со цел да се задоволат сите барања на нашите корисници.

Секој клиент да биде услужен со страст, посветеност и уметност!

НИЗ НАШАТА ОБУКА И ПРАКСА,  ГО ПРЕНЕСУВАМЕ  НАШЕТО ВЕРУВАЊЕ ДЕКА СЕКОЈА ЖЕНА ИМА ПОСЕБНА И РАЗЛИЧНА  УБАВИНА И КОЈА ТАА ТРЕБА ДА СЕ НЕГУВА И ИСТРАЖУВА СПОРЕД СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ  И ЛИЧНОСТА, А  ТОА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ  БОРБА И СТРЕМЕЊЕ КОН ЕДНАКВОСТ .

Токму поради тоа ние во нашата обука воведовме протокол на работа ,а тоа значи да се информира клиентот што нај добро му прилега според својата анатомска поставеност и градба на телото, обликот и формата на ликот, според квалитетот на косата, бојата на тенот, бојата на очите, па дури потоа да се почне со процесот на работа.
Нашите техники на работа се лесни и високо софистицирани, а тоа подразбира секој клиент по пострижувањето на косата да може лесно да ја обликува косата и во домашни услови и непречено колку сака да ја опипува и да биде раздвижена и лелеаваа и да нема потреба од користење на козметички производи за обликување на косата.
При изборот на техниките на боење, нијансирање, шатирање, боите и тоновите ги применуваме и комбинираме во повеќе нијанси, најчесто инспирирани од тенот на клиентот и бојата наочите кои допринесуваат за поголем контраст и ефект на самата боја и ликот на клиентот,но при тоа внимаваме многу каква е основната боја на самата коса.
Ние се стремиме кон негата и здравиот изглед на самата коса, ги преферираме козметичките производи за нега по секој хемиски третман.
Техниките на стилизирања и изработката на свечените фризури ,се препознатливи при самата изработка на фризурите кои се дизајнираат и изработуваат според стилот на тоалетата на секоја индивидуа ,модните додатоци кои се користат, а при тоа се внимава на личноста да умее да ја носи самата стилизирана фризура.
Кога говориме за стиловите и изработката на фризурите, при самата техника на работа ,преферираме да бидат самите фризури лесни не укрутени, со висок загладен ефект ,чистина при работа, секој детал да биде потенциран и применети со многу модни додатоци со различни големи и структури.

Студиото Леонтиќ важи за водечки бренд во фризерската дејност, и со тоа успеа да воспостави стандари за стил, креативност и модни трендови

Услуги

Фризерски услуги

Шминкерски услуги

Козметички услуги

Техника на работа со гел-лак

TРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ

TРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО

Масерски услуги

СПА Третмани

Маникир и педикир

Карибу-бања за детоксикација и слабеење

LPG-третмани за обликување на телото и отстранување целулит

ФИЛОЗОФИЈА НА РАБОТЕЊЕТО

Академија и студио

СЕКОЈА ФРИЗУРА И БОЈА ПРЕСТАВУВААТ ЕКСПРЕСИВНА И ВИДЛИВА ПЕРСОНИФИКАЦИЈА НА ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЛЕОНТИЌ.

ТЕХНИКИ НА РАБОТА

Кога станува збор за стилови и техники за обликување на косата-пострижување и бојадисување, неминовно е да се напомене дека тие се создаваат со целосна едноставност. Овие принципи го имаат издефинирано она што веќе има прераснато во познатиот „метод на прикладност“ карактеристичен за Леонтиќ, пред се затоа што обликот и бојата се надополнуваат според нивниот баланс и форма.
Негата на лицето и телото се препознатлив стил за Леонтиќ, бидеќи таа исто така креира и подготвува специјални органски креми и козметички третмани според проблематиката на лицето на кожата и телото. Во пракса се применуваат сите мануелни техники и се одбегнуваат и воопшто не се применуваат апарати, електроди или други стимуланси. Се со цел да се сочува природноста кај клиентот.
Стиловите и техниките на make-up  се креираат според обликот на лицето, тенот и индивидуалниот стил на личноста и сето тоа е инкорпорирано во специфичен вид на разубавување
„ Техниката на прецизност“ и „Методот на прикладност“ се двата елемента кои направија единственост и препознатливост во стилот на работа на Леонтиќ-работен стил кој што стреми да стане еден од малкуте кои користат јасни методи и кој дава подеднаков третман за сите клиенти.