Организација

ПЦСО Академија

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ПРИВАТНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНА ОБУКА „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“

НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГО СПОДЕЛИМЕ НАШЕТО ЗНАЊЕ И ИСКУСТВО СТЕКНАТО НИЗ ПРАКСА И РАБОТА, А ВОЕДНО И РАЗВОЈ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО И ОЖИВУВАЊЕ НА ИЗУМРЕНИТЕ ТЕХНИКИ НА РАБОТА ОД ОБЛАСТА НА ЛИЧНИТЕ УСЛУГИ.

Преку обучниот центар, курсевите и многуте програми и модули што ги креиравме за вас, ќе имате можност  не само да се стекнете со комерцијалните вештини и техники на работа на нашите курсеви туку, исто така, со вас ќе ја понесете културата и психологијата на размислување на работа на стилистот, козметичар,фризер  и шминкер  Васка Леонтиќ.
Нашите курсеви се подготвени да бидат прифатени и лесно применливи, а воедно дизајнирани и развиени според  потребите  на современиот начин на размислување и примена на работа.
Секој курсист и кандидат, по завршувањето на својата обука, заминува од кај нас инспириран, исполнет со страст за идна посветеност и техничка совршеност, со стекнати најнови техники и вештини на работа.
Со нетрпение ве очекуваме и вие да бидете дел од нашето  големо семејство!
Со почит
„Академија Леонтиќ“