Насоки

ПСУ АКАДЕМИЈА

Образовен профил: фризер

По завршувањето на средното стручно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, образовниот профил фризер може да ги извршува следниве работни задачи:
  • да стриже и потстрижува;
  • да бои коса со разни бои;
  • да нијансира, да шатира со класични и напредни техники (капа, фолија, baljash (баљаш) итн.)
  • да мие коси;
  • да негува коса со разни препарати;
  • да изработува ладни – трајни ондулации
  • да ги користи сите електрични алати и прибор за кадравење
  • да обликува разни фризури;
  • да обликува свечени фризури;
  • да се грижи за хигиенско–техничката заштита;
  • да се грижи за заштита на животната средина.

Образовен профил: шминкер

По завршувањето на средното стручно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, образовниот профил шминкер може да ги извршува следниве работни задачи:
  • да ги одржува алатот и приборот;
  • да ги подготвува препаратите за шминкање;
  • да ја прилагодува шминката кон формата на лицето;
  • да шминка според барањата на клиентите: дневна шминка, вечерна шминка, интензивна шминка, невестинска шминка;
  • да шминка невести со декоративна шминка;
  • да се грижи за хигиенско–техничката заштита;
  • да се грижи за заштита на животната средина.

Образовен профил: козметичар

По завршувањето на средното стручно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, образовниот профил козметичар може да ги извршува следниве работни задачи:
  • да обезбедува хигиенски услови во салонот;
  • да го подготвува работното место;
  • да води евиденција на клиентите;
  • да спроведе протокол на работа со клиент;
  • да одредува третман според видот на кожата на лицето;
  • да ги подготвува апаратите за третман;
  • да масира лице;
  • да масира тело;
  • да депилира;
  • да изработува маникир, педикир и декорација на нокти;
  • да изработува надградба на нокти и тековно одржување;
  • да изработува повеќе видови третмани на лице според типот на кожата и возраста;
  • да се грижи за хигиенско–техничката заштита;
  • да се грижи за заштита на животната средина.

Образовен профил: масер

По завршувањето на средното стручно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, образовниот профил масер може да ги извршува следниве работни задачи:
  • да ги познава производите за масирање;
  • да применува комбинации на етерични масла;
  • да ја применува апаратурата за масажа;
  • да масира класично;
  • да применува антицелулитна масажа и третмани;
  • да применува релаксирачка масажа;
  • да масира со аромотерапија, акупресура;
  • да се грижи за хигиенско–техничката заштита; – да се грижи за заштита на животната средина.

ОБРАЗОВНО ИСКУСТВО ШТО ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРА И ЌЕ ВЕ НАСОЧИ КОН НОВИ УСПЕСИ!

Практична настава

Практичната настава е основа за сите образовни профили. Таа им овозможува на учениците да ги совладаат сите теоретски презентирани техники и со текот на времето да стекнуваат искуство во нивната изведба.
Редовноста и активноста на практичната настава се од огромно значење за успехот на секој ученик. За време на праксата, учениците добиваат подобра ориентација во струката што ја одбрале и продираат во суштината на своето идно занимање.
Учениците ја изведуваат праксата на модели-доброволци. Така воедно ги совладуваат, надградуваат и применуваат деловно-комуникациските вештини со странките.
По стекнатите вештини и искуства, учениците се вклучуваат во салонското работење во Центарот за убавина „Студио Леонтиќ“. Таму ќе се стекнат со искуство за начинот на менаџирање на еден салон или, воопшто, како се работи во горенаведените дејности и кои сè други можности ги нудат покрај салонското работење.

Услови и критериуми за упис

Редовниот уписен рок започнува од 1 март и трае до 15 јули.
Крајниот рок за упис е 25 август, доколку бројот на предвидени кандидати не е пополнет.
На годишно ниво, Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ ја предвидува следнава бројка за упис на ученици (оваа бројка ученици овозможува спроведување квалитетна настава и изучување на сите техники и вештини, како и висока посветеност и контрола на практичната обука и пракса кај учениците):
Фризери: до 10 ученика Козметичари: 10 Масери: 10
Шминкери: 10
За упис како редовен ученик, потребно е кандидатите да имаат завршено задолжително основно образование.
Сите кандидати заинтересирани за образовните програми во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, задолжително мораат да се јават на интервју на кое ќе ги добијат сите потребни информации и совети за да можат соодветно да се одлучат за некоја од насоките и да добијат стручна ориентација од мајсторот–предавач Васка Леонтиќ.