Уписи 2018/19

ПСУ АКАДЕМИЈА

УПИСИ ЗА 2018-2019 ГОДИНА

за запишување кандидати во Приватно Средно Училиште

Можност за трансфер

Доколку некој ученик сака да направи трансфер од Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ во друго училиште или обратно, тоа може да го направи за време или по завршувањето на првата учебна година.
Трансфер е можен и за оние ученици што првично не се запишале во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“. Тоа ќе можат да го сторат во периодот предвиден за трансфер со полагање на диференцијаните предмети од првата учебна година и предметите од првото полугодие од втората учебна година.
Овој трансфер е со цел да им се овозможи на сите ученици да ја следат наставата за која се заинтересирани и истите да ги насочуваат по сопствена желба.

Инфо денови: од понеделник до петок од 13.00 до 18.00

Контактни информации:
Бул. Партизански одреди 43А 1/1 реон 55
тел. 02 3222 544 /  070 227 684

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС

за струките лични услуги фризер, шминкер, козметичар, масер
со тригодишно траење на образованието
во Приватното средно училиште “Академија Леонтиќ”
  • Пријавен лист образец П1 за упис во прва година;
  • Таксена марка во износ од 50 денари ( уплата во банка на пп.50 )
  • Да се уплати во банка со следните податоци
  • Назив и седиште на примач- ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
  • Банка на примач – НБРМ
  • Трансакциска сметка – 100000000063095
  • Уплатна сметка – 840-општина-18203161
  • Приходна сметка- 722313
  • Цел на дознака – за административни такси
  • Извод од матичната книга на родените на кандидатот, оригинал и не постар од 6 месеци;
  • Свидетелства од V до VIII одделение за завршено задолжително основно образование – копија заверена на нотар (оригиналите се приложуваат само на увид).
Изводот од матичната книга на родените во оригинал и не постар од 6 месеци и копиите од свидетелствата од V до VIII одделение заверени на нотар, се чуваат во Архивата на Приватното средно училиште “Академија Леонтиќ”.

Образовно искуство што ќе Ве инспирира и ќе Ве насочи кон нови успеси!