Активности

ПСУ АКАДЕМИЈА

Воннаставни активности

Слободни ученички активности

Учениците изведуваат активности за подготовка на ревиите, семинари и за други проекти што се од голема важност во нивната понатамошната работа, како и за развој на нивната кариера. Во рамките на Годишната програма за работа на училиштето се предвидени активности за организирање екскурзии низ Македонија, а екскурзиите што се планирани за надвор од Македонија, се со специјална цел: посета на најдобрите и најпосетените стручноедукативни саеми, потоа општи посети на саеми на мода, семинари и разни перформанси на парфимерии со козметички препарати и слично, организирање миниревии и презентации на сезонските трендови, посета на театри, музеи и слични други активности што се поврзани со образовниот профил на училиштето, а што ќе им помогне во понатамошната работа на учениците.

Ученички екскурзии

Во плановите за реализација на воспитно–образовниот процес, училиштето предвидува наставно– научни екскурзии, чија цел е практично усвојување знаења од културата и општеството на народите во земјата и пошироко. Во таа смисла, наставно–научните екскурзии одат во прилог на збогатување на стекнатите знаења од различни области, поттикнување на критичкото мислење, но и развивање повисок степен на социјализација кај учениците.
Ваквиот начин на екскурзии и посети ќе се реализираат според составот на учениците без разлика на културната определба, традиција и вероисповед.

Ученичка посета – мобилност ЕРЗАМУС+

Овој тип воннаставна активност – посета и мобилност, се организира во ПСУ „Академија Леонтиќ“.
Благодарение на подготовките и работата со НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, во склоп на секторската програма „Леонардо да Винчи“ од програмата „Доживотно учење и новоименуваните Европски проекти преку потпрограмата ЕРАЗМУС+ К1 и К2 учениците и наставниот кадар преку овие проекти и мобилности ќе бидат номинирани во текот на учебната година и подготвени за овој тип на проекти.За овие проекти се подготвуваат 10 ученика за мобилност преку посета на средни стручни училишта, обучни центри,СПА-центри, фабрики за производство на козметички производи и посета на многу други институции и фирми поврзани со дел од личните услуги,за време на викендите и слободното време,посета на музеи и историски знаментитости.
Сета оваа подготовка започнува од септември со изучување на еден странски јазик, културолошка и педагошка подготовка за градот-домаќин и со подготовка за претставување на нашата држава. Посетата и активностите ќе биде под раководство на ментор-предавач по практична работа, а самите посет траат по две недели

ВО ОБУЧНИОТ ЦЕНТАР НУДИМЕ ОБУКИ ЗА ФРИЗЕРИ, КОЗМЕТИЧАРИ, МАСЕРИ И ШМИНКЕРИ

Мобилност на раководниот и наставничкиот кадар

ПСУ „Академија Леонтиќ“ од самото формирање на училиштето е вклучена во програмата за мобилност: Професионалците во стручното образование и обука – ВЕТПРО, во склоп на секторската програма „Леонардо да Винчи“ од програмата „Доживотно учење“ и новоимената програма ЕРАЗМУС+, во соработка со
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Оваа мобилност и посета ќе биде во стручното училиште за обработка на перики и други изумрени занаети во Лондон на тема: Програма за зачувување на традиционалните фризерски занаети.
Обуката ќе ја следат мајстор-предавач по практична работа Васка Леонтиќ и наставничката по теоретскиот предмет: технологија на занимањата во стручните области Тања Маказлиева. Посетата ќе трае две недели од 17 јануари до 24 јауари.

Општествено- корисна работа

Општественокорисната работа е основа за развој и стимулација на позитивниот однос на учениците кон општествените вредности, вредностите на колективното живеење, поттикнување на чувството на заедништво и припадност и одржлив развој на природата. Овие активности одат во насока на подобрување на животната и работната средина во училиштето и надвор од него.
Во таа смисла, со програмата за работа на училиштето се предвидени активности за оштественокорисна работа. Овие активности ќе бидат реализирани во согласност со државните препораки за масовни работни акции, но и во рамките на редовните школски активности.
Учество во овие акции од општествено важен карактер ќе земат учениците, наставниците, а во одредени форми и техничкиот персонал на училиштето.
Поради природата на самата практична работа на училиштето „Академија Леонтиќ“, според потребите и побарувањата, тоа излегува в пресрет на старечките домови за време на Неделата на стари лица од 15 до 21 ноември и во домовите за деца без родители кога тие имаат потреба од услугите за коишто се обучуваат нашите ученици, а воедно ова е можност да се види како е да се организира работа и помош надвор од салонско работење и во нестандардни услови за пракса.